Здружението на стручни наставници и раководни кадри од електротетхничките, машинските и сообраќајните училишта од земјава во СОУ ,, Никола Карев’’ во Струмица одржаа годишно собраниеа разгледувајки ги тековните активности на здружението а расправаа и за можни мерки и решенија за унапредување на стручното образование по овие струки.
Беше разгледан извештајот од одржаните 36 те државни натпревари а беше презентирана и web страната на здружението каде ќе се пласираат сите информации и новости кои доаѓаат од стручните училишта.
Беше заклучено дека треба да се превземаат активности за промоција на стручното образование мегу основците но и да се прилагодува според потребите на пазарот на трудот за што е потребна тесна соработка со реалниот сектор односно бизнис заедницата.
Од таа причина советниците од Центарот за стручно образование ги информираа наставниците за новитетите и програмите што се планираат во стручното образование во делот на машинската, електротехничката и сообраќајната струка
Здружението на стручни наставници расправаа и за активностите кои треба да ги превземат во поглед на одржување на општиските, регионалните и државните натпревари за ова учебна 2017/2018 година