• Sat. Nov 23rd, 2024

ПРОМОВИРАНА СТРАТЕГИЈА ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ ВО ГЕВГЕЛИЈА

ByВане Трајков

Dec 18, 2019

Гевгелија располага со големи компаративни предности за развој на повеќе туристички гранки, а Стратегијата за развој на туризмот во оваа општина за периодот 2019 – 2024 година, чии што автори се 12 професори, претставува добра основа за тоа, порачаа учесниците на денешната промоција на стратешкиот документ што се одржа во Факултетот за туризам и бизнис логистика во Гевгелија.

Градоначалникот Сашо Поцков истакна дека стратешкиот документ и определбата на општината за туризам ќе имаат значајно место во локалниот економски развој.

Директорот на Агенцијата за промоција и развој на туризмот во Република Северна Македонија,Љупчо Јаневски, пак, нагласи дека општина Гевгелија има причина за тоа затоа што добар дел од туристичките остварувања во земјава потекнуваат од ова поднебје.–Годинава во земјава престојувале 1,3 милиони туристи и регистрирани се 3,5 милиони ноќевања.Во првиот квартал од годината остварен е прилив од 3,5 милиони долари кои до крајот на годината ќе бидат заокружени на 4 милиони долари.Очекувањата годинава да бидат евидентирани 1,5 милиони туристи и фактот дека во оваа дејност се вработени 50.000 лица ,се добра причина за развој на туризмот, рече Јаневски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *