Времето денеска ќе биде променливо облачно, од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.
Во четврток ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи, а во петок и во деновите од викендот ќе дува засилен, долж Повардарието и во источните делови силен ветер од северен правец (над 60 km/h) што ќе услови намалување на дневната температура.