Авто-мото сојузот на Македонија информира дека на ден 08.05.2019-та (среда) и 09.05.2019-та (четврток) ќе има промена во сообраќајниот режим на делницата Валандово-Раброво и Раброво-Струмица (пред крстосницата).
Промените се поради изведување на градежни активности – поставување на индуктивни јамки на Регионален пат Р1401.
Од АМСМ ги предупредуваат возачите да ги почитуваат ознаките на патиштата.