• Sun. Nov 24th, 2024

Промена на содржините во учебниците по историја за 6 и 7 одделение.Донесен новиот предлог закон за образование

На предлог на Министерството за образование и наука, на последната владина седница се усвоени текстот на Предлог-законот за основното образование, како и Предлог – закон за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта.Во новиот предлог закон е вклучена и сеопфатна стратегија насочена кон инклузивен образовен систем за сите ученици со попречености.

Предлог – законот за наставниците и стручни соработници во основните и средните училишта има цел да се обезбеди услови за постојано професионално усовршување на наставниците и стручните соработници како и овозможување на нивен кариерен развој за целиот работен век на наставниците и стручните соработници.

Од Владата информираат дека согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, се прифаќаат заедничките принципи и забелешки за содржината на учебниците за 5 одделение во Република Бугарија и за 6 одделение во Република Северна Македонија (Праисторија и Античка историја). Од Владата информираа дека се поддржува предлогот на Комисијата за разгледување на наставниот материјал во учебниците за 6 одделение во Република Бугарија и 7 одделение во Република Северна Македонија (Среден век) до крајот на 2019 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *