Многу нови играчи беа ангажирани во ФК Беласица ова лето, целта е клубот да се врати помеѓу прволигашите.
Денес се официјализирани уште две нови имиња, Дејан Серафимовски и Дамјан Петревски. Двајцата имаат по 18 години и играат на повеќе позиции во нападот.
ФК Беласица претходно се засили со Дрвошанов, Ахмедов, Митров, Јованов, Горгиовски, Ахтаров, Бејков и Картов.