Продолжуваат оперативните мерки за гаснење на пожарот на планината Готен. Ситуацијата на теренот е многу сложена, како последица од непристапниот терен, размерите на опожареното подрачје, високите дневни температури, чадот, ветрот и гасење со прирачни средства без вода. Во гаснењето на огнот до сега секојдневно вклучени се околу 45 лица и според можностите ангажирани повремено во гаснењето на пожарот се и авиони-канадери.
За денешниот ден ангажирани се 75 лица од кои 45 од ЈП „Национални шуми“ – подружница „Плачковица“ – Радовиш, по 5 лица од подружниците од Струмица, Штип и Кочани, и 15 пожарникари од ТППЕ Радовиш, Берово и Струмица. Од материјалните средства ангажирани се 1 трактор од ЈП „Национални шуми“ – подружница „Плачковица“ – Радовиш и 1 од ЈП „Плаваја“ за дотур на вода.
Во текот на денот, откако ќе се создадат услови очекуваме да се вклучат и авионите во гаснењето на пожарот