• Fri. Nov 22nd, 2024

Притвор за двајца криумчари на мигранти

Притвор за двајца криумчари на мигранти

На 12.04.2022 година, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе во содејство со СВР Куманово и Регионалниот центар за гранични работи Север, а во координација со ОЈО за ГОКК, реализираше случај на криумчарење мигранти, извршено од страна на двајца илегални мигранти.

Со цел стекнување на противправна имотна корист, во временскиот период од 10 до 12 април 2022 година, двајца мигранти од Авганистан, М.Б.(27) и Ф.Х.(30), со умисла и од користољубие, во улога на водичи, прифатиле и нелегално пренеле тројца мигранти од Конго, Камерун и Брегот на Слоновата Коска од Атина, Р.Грција до Куманово, со цел нивно прифаќање и времено засолнување на подрачјето на Куманово (атар на селата Лојане и Ваксинце), а оттаму нивно пренесување преку македонско-српската граница до државите на ЕУ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *