Пристигнатите кинески вакцини чекаат одобрување од „МАЛМЕД“
Вакцините „Синовак“ чие пристигнување се најавуваше со месеци и кои во неделата пристигнаа во Македонија чекаат одобрение од Агенцијата за лекови за да може да почнат да им се даваат на граѓаните кои се пријавија зџа вакцинација.
Од Агенција за лекови и медицински помагала „МАЛМЕД“ , велат дека процедурите се при крај и уверуваат дека за кратко време ќе дадат зелено светло за употреба.
„Одобрување на еден лек (вакцина во случајот) и пуштање во промет подразбира неколку процедури што треба да поминат во Агенцијата за лекови. Скоро сите процедури се завршени. Агенцијата работи во полн капацитет и во најкратко време ќе бидат завршени“ – вели д-р Лирим Шабани – Директор на „МАЛМЕД“.
И во дел од вакциналните пунктови ни потврдија дека вакцините се уште не се даваат поради административните процедури кои ги чекаат да ги заврши Агенцијата за лекови.