Битолските библиотекарки Фатма Бајрам Аземовска и Лили Бошевска годинава го понесоа признанието за најдобри библиотекарки, што во рамките на манифестацијата „Средби под јаворите – Видое Подгорец“ се доделува на најистакнатите библиотекари во земјата. Целта на наградата е да се сврти вниманието кон оваа значајна и блгородна професија, но и да се мотивираат вредните и посветени библиотекари.
- Признанието „Библиотекар на годинатаПавлина Цунева Маказлиева“ за врвни достигнувања од областа на библиотекарството и информациската дејност од јавните библиотеки, за 2020 година се доделува на:
м-р Фатма Бајрам Аземовска, библиотекар во НУУБ “Св. Климент Охридски”, Битола.
- Признанието “Библиотекар на годината Павлина Цунева Маказлиева” за врвни достигнувања од областа на библиотекарството и информациската дејност од училишните библиотеки, за 2020 година се доделува на:
д-р Лили Бошевска, стручен соработник- библиотекар во училишна библиотека при
ОOУ „Св.Кирил и Методиј“ Битола.
Минатата година признанието „Павлина Цунева Маказлиева“ го доби струмичката библиотека „Благој јанков Мучето“, а го прими директорката на библиотеката Тања Гошева.