• Sat. Nov 23rd, 2024

Приведени двајца жители на Баница за напад на полициски службеник при вршење службени дејствија

ByЃ. K.

Aug 19, 2023

Полициски службеници од СВР Струмица денеска ги лишиле од слобода С.С.(44) и Д.Ј.(33), двајцата од с.Баница, Струмичко, бидејќи физички нападнале полициски службеник при вршење службени дејствија.

Како што информираат од МВР, двајцата притоа на полицискиот службеник му ја одзеле службената легитимација и мобилниот телефон.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

By Ѓ. K.