На 09.04.2019, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на Б.Д.(34) од село Турново, струмичко.
При претресот биле пронајдени и одземени марихуана, пиротехнички средства и пари.
Лицето било приведено и задржано во полициската станица Струмица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.