Триесет и деветгодишниот Џ.К од Струмица е приведен од страна на полицијата откако ја натепал својата невенчана сопруга.
Како што информира МВР, на 14.10.2023 во 21.30 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Џ.К.(39) од селото затоа што физички ја нападнал неговата 33-годишна невенчана сопруга.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.