Денеска околу 01.15 часот, на место викано „Македонија пат” на излезот од Гевгелија, од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ лишен е од слобода 42-годишниот М.К. од Кавадарци, извести МВР.
„При контрола на патничко возило „мазда 6“, со германски регистарски ознаки, кое тој го управувал, во возилото се затекнати 8 лица – мигранти од кои пет од Сирија, две од Авганистан и едно од Пакистан“, соопшти МВР.
М.К. е приведен во полициска станица и во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.