• Sat. Nov 23rd, 2024

Приведен жител на Богданци, избегал од Затвор Идризово, а имал уште 3 години казна

ByЃ. K.

Sep 4, 2023

На 04.09.2023 околу 08.00 часот во Богданци, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги го лишиле од слобода Д.Ј.(26) од Богданци.

Тој бил баран по потерница врз основа на наредба на Казнено-поправната установа Затвор Идризово поради бегство од установата. Лицето било осудено на четири години и девет месеци казна затвор за сторено кривично дело по член 418 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување три години и еден месец од казната. Д.Ј. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.

By Ѓ. K.