• Mon. Nov 25th, 2024

Приведен 18-годишен радовишанец, извршил тешка кражба

ByЃ. K.

Sep 22, 2023

На 21.09.2023 во 22.30 часот во Радовиш, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода Т.Ј.(18) од Штип. Тој се сомничи дека истиот ден извршил тешка кражба во куќа во Радовиш.

Кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кражбата и ќе бидат вратени на сопственикот.Т.Ј. бил задржан во Полициската станица Радовиш, бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.

By Ѓ. K.