• Mon. Nov 25th, 2024

При увид на несреќа во Струмица пронајдена марихуана

ByЃ. K.

Jul 22, 2023

СВР Струмица поднесе известување до ОЈО Струмица против двајца 17-годишници од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 12.04.2022 на крстосница од ул.„Мајка Тереза“ и ул.„Тодор Проески“ во Струмица при вршење увид по случена сообраќајна незгода помеѓу товарно возило и мотоцикл, управуван од малолетник, под мотоциклот биле пронајдени 13 ќесички со марихуана.

На 15.04.2022, по претходна судска наредба, бил извршен претрес во домот на малолетникот во Струмица, во присуство на неговиот дедо, при што била пронајдена и одземена марихуана.

By Ѓ. K.