Невладините организации кои работат на територијата на општината Струмица ќе добијат работни простории за извршување на своите активности со кои придонесуваат за развој на општината и заедницата.
При крај е реконструкција, адаптација и уредување на една од зградите во поранешната касарна во Струмица, позната како „инкубатор“, каде ќе бидат сместени, пред се здруженијата на социјално ранливите групи, но и на останатите невладини организации.
„Невладиниот сектор е наш партнер, којшто со своите проекти и идеи дава голем придонес во развојот на нашата општина“ – вели градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.
Владата на Република Бугарија донираше 138.000 евра за овој проект, проектот доби пари и од Фондацијата отворено општество Македонија, а со свои средства учествува и ОпштинаСтрумица.