Претставата „Каминот“ на струмичкиот театар утре ќе се игра во рамките на фестивалот Минат во Дениа, Шпанија. фестивалот трае од први до десетти јуни и има натпреварувачки карактер.
Претставата „Каминот“ од Маргарит Минков е во режија на Васил Михаил. Премиерно беше изведена во мај 2013 година. Камерната дуо драма во почетокот ја играа актерите Коста ангов-Хенри и Јасмина Вучкова-Ирис. Во поново време улогата на ирис ја тилкува Васил Михаил.
Овие четири години освен на матичната сцена претставата имаше и неколку гостувања и фестивалски претставувања во државата и надвор од неа. Досега претставата доживеа 21 изведба.