На 2 април во 20:00 часот во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица, ќе се одржи премиерата на филмот „Недела“, кој го следи животот на познатиот пејач Џеј Рамадановски.
Филмот ги прикажува неговите искуства од детството на улиците до успехот на музичката сцена.
Влезниците се достапни по цена од 200 денари на билетарницата во НУЦК „Антон Панов“ Струмица.