• Wed. Nov 27th, 2024

Премиера на претставата „Корени“ на струмичката гимназија во режија на Кире Ѓоргиев

Емотивен крај на претставата „Корени“ на струмичката гимназија која синоќа имаше премиера пред домашната публика. Долг аплауз, солзи и овации за младата актерска екипа, која изнедри многу емоции во салата на Антон Панов. Младата Викторија вели дека било вистински предизвик да се долови комплексниот лик на Велика.

Со драмското студио на гимназијата Јане Сандански работеше актерот и режисер Кире Ѓоргиев, заедно со менторката Јулија Ковачевска, професор по македонски јазик и книжевност.

„Корени“ ја зеде и втората награда на овогодинешното Образовно рандеву, МАССУМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *