Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Струмица објавува јавен повик за доделување на договор за јавна набавка на Опрема за заштита од шумски пожари – Мал противпожарен камион за гаснење на шумски и градски пожари во рамки на проектот „Рано откривање на пожарите и нивно движење за превенција и справување со катастрофи – eFIDAR“ во Југоисточниот плански регион, со финансиска помош од ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Грција – Република Македонија. Станува збор за возило кое ќе биде наменето за ТППЕ Струмица идентично како што доби гевгелиските пожарникари неодамна. Тендерот ќе трае до 30 август по што ќе биде познато од која фирма ќе биде набавено противпожарното возило за струмичката единициа. Тендерската документација може да се најде на веб страната на центарот
Инаку Центарот набави две противпожарни возила за пожарникарите во Гевгелија и Валандово. ТППЕ Гевгелија доби специјализиран мал камион за гаснење шумски пожари и спасување со цел да се покриваат потребите и на општините Дојран и Богданци, додека единицата од Валандово доби пикап возило за пристап на одредени локации со пожари, до кои не може да се стасува со поголеми возила. Вкупната вредност на двете возила чини околу 200 илјади евра
Како што подвлече првиот човек на Центарот, во рамките на проектот кој треба да заврши до крајот на годинава се планира набавка на уште едно возило и тоа за потребите на струмичката противпожарна единица како и набавка на термални дронови за детектирање пожари на тешко достапни места во подрачјата на Струмица, Радовиш и Гевгелија.