По барањата за помош во борбата против пандемијата на коронавирусот ЕУ ја координира и кофинансира испораката на помош во ЕУ и во соседните земји. Според соопштението од Делегацијата на ЕУ, Австрија, како помош за земјава, меѓу другото, испраќа заштитни ракавици и средства за дезинфекција.
„Овој вирус не познава граници и работењето заеднички е единствениот начин на кој што можеме да го запреме. Благодарен сум ѝ на Австрија за гестот на европска солидарност. Нашиот Координативен центар работи 24/7 за поддршка на земјите членки на ЕУ и на нашите најблиски пријатели“, изјави Јанез Ленарчиќ, еврокомесар за кризен менаџмент.
Инаку, помошта што ја добива Македонија е дел од вкупната помош на земјата и на целиот Западен Балкан, што вклучува и социјална и економска помош.