• Wed. Nov 27th, 2024

Пред преполната сала во Дом на АРМ ООУ „Маршал Тито“ Струмица реализираше настан со повеќе активности

ByЃ. K.

Nov 17, 2023

Синоќа пред преполната сала во Дом на АРМ, ООУ „Маршал Тито“ Струмица реализираше настан со повеќе активности. Настанот беше организиран во рамки на проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ во соработка со Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ и Детската фондација „Песталоци“.

Најмалите ученици, под менторство на професорката Љубинка Цветанова, настапија со песната „За сите деца“ и со својата ведрина изнудија искрени насмевки меѓу присутните.

Публиката имаше можност да ги разгледа ликовните творби од учениците кои твореа на тема „Силјан Штркот“, под менторство на професорот Ристо Обрадов. На истата тема, со сценарио и режија на професорката Ѓургица Костадиновска, учениците глумеа во театарска претстава и ги изненадија присутните со своите актерски квалитети. Претставата со своите дидактички елементи им пренесе вредни пораки на учениците, но и на возрасните.

Пред самиот крај беше весело, учениците од оркестарот настапија во живо со песната „Јовано Јованке“ и сплет турски песни, под менторство на професорот Ване Кољушков.

Професорката Ѓургица Костадиновска порача дека вистинска чест е да се работи со талентирани деца кои ги пребродиле сите предизвици и ја сработиле задачата како вистински професионалци.

Директорката Благица Устапетрова им се заблагодари на присутните, со порака дека инклузијата во училиштата е од огромна важност во образовниот процес.

Собраните средства од настанот ќе бидат наменети за набавка на асистивна технологија за деца со посебни образовни потреби.

By Ѓ. K.