Фудбалскиот клуб АП Брера Струмица ја започна кампањата ,,Ние сме Брера Струмица“ со цел да се направи симбиоза на фудбалот со убавините на градот, но и струмичани кои се препознатливи како верни навивачи и подржувачи на спортот.
За таа цел првотимците – капитенот Марио Врдољак, Папе Оумар Сице како и младите – голманот Марко Алчевски, Ване Крстевски и Мартин Ѓоргиевски со фотографии ги промовираат убавините на Струмица која преставува расадник на врвни спортисти и град кој изобилува со голем број значајни културно историски споменици.