• Thu. Nov 21st, 2024

Првомајски совети за совршено испечено месо на скара

Денеска го славиме 1 Мај, Денот на трудот, кој повеќето од нас ќе го поминат некаде во природа, дружејќи се со семејството и пријателите. Сепак, какво патување би било ако не ја запалиме скарата и не печеме месо. За да бидете вистински мајстор во тоа, треба да знаете неколку едноставни правила.

1. За добра скара, прво треба да направите добар жар, не премногу силен, а месото да биде сочно. Затоа, пред печењето, оставете го да отстои во маринадата (најдобро во фрижидер).
2. Месото мора да се загрее на собна температура пред да се пече. Не го печете додека е уште ладно!
3. За да добиете фина крцкава кора на парчињата месо, виткајте ги во крупна морска сол.
4. Колку се потенки парчињата месо, толку побрзо ќе се испече централниот дел. Идеалната дебелина е 1-1,5 см.
5. Решетките за скара премачкајте ги со сланина или масло и дури потоа ставете го месото.
6. Немојте постојано да го вртите месото и да не го притискате со вилушка за да остане сочно и да ја задржи најдобрата арома.
7. Месото не го премачкувајте со маринада додека е на скара. Од неа останала доволна количина во месото пред печењето.
8. Кога ќе се испече се трга од оган и се става во затворен сад да одмори малку. На тој начин сите сокови ќе останат во месото.
9. Ако прво исецкате кромид пред да го ставите во садот, а потоа го ставите месото, нежно протресете сè и почекајте да се смири пред да го консумирате, ќе се воодушевите од неговиот вкус.

Кое месо е најдобро?

* Свинскиот врат со право ја носи титулата крал на скарата. Ова парче месо распрскано со маснотии мора да биде свежо и не смее да биде во замрзнувач пред да се пече. Гурманите велат дека најдобро е ваквото парче месо, печено и посолено, да се стави во тенџере во кое прво ситно се сечка кромидот и кога се добро ќе се протресе, месото и кромидот да го испуштат сокот.

* Белата вешалица треба да се посоли ден претходно, да се прелие со малку масло и да се остави да отстои во фрижидер до печење.

* Најчесто се купува мелено месо. Ако купувате готово месо, измешајте ситно сечкан кромид и по вкус, малку свежа лута пиперка и органски зачини. За време на печењето на скара, плескавиците или ќебапите треба одвреме-навреме да се премачкаат со масло бидејќи ќе бидат многу посочни.

* После меленото месо, пилешкото е најчестиот вид што го користиме за скара. Раскостените батаци, карабатаци, крилцата, како и белото месо, исто така, треба да се остават да одморат ден претходно во маринада од сол, органски зачини, малку црвен пипер и масло.

Пивото ги неутрализира токсичните материи од месото на скара

Ако го додадете во маринадата за месо, ќе ги неутрализирате канцерогените материи кои можат да се формираат при печењето на скара. Имено, истражувањата покажаа дека одредени состојки на маринадите кои содржат пиво можат да го намалат нивото на потенцијално канцерогени материи во подготвеното месо.