Денес, на градскиот плоштад во Валандово, најмладите од општината, маскирани во различни креативни индивидуални и групни маски, го одбележаа 1-ви Април – Светскиот ден на шегата.
Настанот, беше пропратен со многу песни, насмевки и радосни дечиња, кои под сопствените маски продефилираа од ЈУДГ “Калинка” до градскиот плоштад, пред насобраните граѓани, се вели во информацијата од Општината.