Првиот турнир од Европската златна лига 2024 ќе се одржи во Струмица од петок до недела (17-19 мај).
Натпреварите ќе се одржуваат секој ден, билетите за натпреварите на Македонија чинат 100 денари, а во сабота влезот е бесплатен.
Преносите ќе бидат на МТВ-1 од 20.00 часот.
Европската златна лига е важно натпреварување, но ова лето, главната цел на македонската одбојкарска репрезентација ќе бидат двата квалификациски натпревари за следното Европско првенство, кое, според новиот календар на ЦЕВ, ќе се одржи во 2026-та наместо во 2025-та.
Македонија е во група со Грузија и Грција. Во август ќе гостуваме кај Грузија и ќе играме дома против Грција. Овие два натпревари може да бидат клучни за црвено-жолтите во остварувањето на значаен чекор кон четвртиот последователен настап на континенталните собири.