• Mon. Nov 25th, 2024

Појавата на Туберколозата во Струмица сведена на минимум.

7 лица заболеле изминатата година од туберколоза во Струмица а само 1 случај е регистриран во првото тромесечие оваа година .Социјално ранливите лицата со минимум хигиенски услови за живеење,лицата со слаб имунитет пропратен со болест од типот карцином,шекер во крвта и други , а најмногу ХИВ позитивните лица остануваат најчестата мета на заболување од оваа заразна болест.БСЖ вакцината како што велат и лекарите е епохалното откритие со која болеста буквално е сведена на минимум , но сепак ретките случаи на заболување не се катастрофални бидејки не само на светско ниво Туберколозата успешно се лекува и кај нас.

Др Афродита Ивановска спец.интернист

Светот деновиве го одбележува денот за борба против Туберколозата.Се погласни се и лекарите вакцината која е задолжителна кај децата да не се избегнува со што ќе се пречи или сведе на еден минимум појавата и ширењето на болеста.Годишно со туберколоза се заразуваат 9,6 милиони лица, а  1,5 милиони од нив, умираат.  Останатите се носители на бактеријата во скриена форма, со постојана закана да премине во активно заболување.

Се проценува дека една третина од светското население е инфицирано со туберколоза, и активните случаи тешко се дијагностицираат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *