Oд понеделник почнува етапната исплата на септемвриските пензии. Банките веќе известуваат дек апочнуваат со исплатата која ќе се врши во четири групи. Во меѓувреме се уште има клиенти кои не си ги префрлиле сметките од пропаднатата Еуростандард банка.
ПИОМ извести на крајот на август дека уште нешто помалку од 15.000 пензионери се уште немаат отворено сметка во нова банка за да ја земат августовската пензија навреме, откако Еуростандард ја загуби лиценцата за работа. Тие имаа рок до крајот на септември да се префрлат во друга банка за да ја добијат августовската пензија. Нема информација колку го сториле тоа.
Инаку Пошта на Сверна Макеоднија се уште не избра и нова банка која ќе го земе бизнисот за платниот промет и шалтерите на пошта. Додека не се случи тоа пензионерите од руралните средини на кои пошта, која имаше договор со Еуростандард, им ја доставува пензијата ќе мора да почекаат се додека не се склучи спогодба со друга банка.
Инаку етапната исплата значи дека во понеделник, 28.9.2020 година, ќе се исплатуваат пензиите со висина до 11.000 денари;
Во вторник, 29.9.2020 година, исплата на пензиите во висина од 11.001 денар до 14.000 денари;
Во среда, 30.9.2020 година, исплата на пензиите во висина од 14.001 денар до 18.000 денари;
Во четврток, 1.10. 2020 година, исплата на пензиите во висина над 18.000 денари.
Пензионерите што користат платежна картичка поврзана со сметката на која се префрлува пензијата со парите може да располагаат од понеделник, 28 септември. Тие може да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.