Првиот човек на општина Струмица Костадин Костадинов денеска на прес конференција истакна дека од денеска почнуваат активностите за одбележување на Денот на заштитниците на Струмица Св. 15 Тивериополски свештеномаченици. Тој упати порака до струмичани да бидат дел од програмата на одбележување на празникот која ќе заврши во сабта со свечената седница на која ќе бидат доделени годишните награди
,,За годинашното празнување на Денот на заштитниците, општина Струмица подготови богата и разновидна програма со повеќе свечености и пригодни настани, а во соработка со повеќе институции, културни работници, почитувачи и пријатели на нашата Струмица, Одбележувањето започнува денеска, и ќе трае до 11. Декември, кога ќе се одржи Свечената седница на Советот на општина Струмица на која што ќе бидат доделени Годишната награда и Наградата за животно дело за 2021 година,, кажа Костадинов