За петнаесетина минути треба да почне 16-от вонреден Конгрес на Вмро Дпмне, којшто денеска и утре се одржува во Валандово. Делегатите веќе втор час пристигнуваат и се пријавуваат.
За да почне да работи Конгресот потребно е да бидат присутни две третини од вкупниот број делегати, кој изнесува 544.
Единствен кандидат за претседател на Вмро Дпмне е Кристијан Мицковски, кој за да биде избран треба да го добие мнозинството гласови. Оваа одлука разлути голем дел од високот партиско раководство, меѓу кои и поранешни функционери како Антонијо Милошоски, Никола Попоски, Филип Петровски, Илија Димовски, кои сметаат дека овој Конгрес е нерегуларен и наместен лично од Груевски.