Деновиве во населбата Софилар во Струмица почнаа работите за изградба и асфалтирање на две улици за кои постојано инсистираа жителите од овој дел на градот. Според објавата на градоначалникот Коста Јаневски освен што ќе се асфалтираат две улици ќе се изведат и три фекални колектори
,,Започна решавањето на проблемот од суштинско значење за жителите од населбата Софилар. По долги и сложени подготвителни активности, ветеното на почетокот од мандатот, започна да се реализира.Пристигна механизацијата пристигна на локацијата каде што ќе бидат изградени две сервисни улици и три фекални колектори,, објави градоначалникот Јаневски на ФБ