Испораката на огревно дрво за следната грејна сезона тече според предвидената динаимка информираат од Шумско стопанство „Беласица“ од Струмица каде годинава планираат да испорачаат околу 12 илјади кубни метри даб и бука
Досега биле испорачани околу 700 кубни метри буково огревно дрво а биле направени договори за испорака на околу четири илјади кубни метри . Се испорачаува количината која е платена а овој период со подобрувањето на временските услови ке отпочне и испораката на дабовото огревно дрво.
Паралелно од Шумското стопанство Беласица велат дека и понатаму активни се дрвокрадците а како критични точки се спомнати повеќе локации