Одделението за администрирање на приходи при општина Струмица, почна со доставувањето на решенијата за данок на имот и комунална такса до даночните обврзници за оваа 2015 година. Според Душко Василев раководител на Одделението, за данок на имот изготвени се вкупно 15.727 решенија од кои 15.421 за физички и 306 за правни лица. За комуналната такса или популарно наречена фирмарина изготвени се вкупно 3.528 решенија, од нив 2.982 се за правни лица и 546 за за самостојни вршители на дејност. Комуналната такса се плаќа во рок од 30 дена по добивањето на решението, а данокот на имот квартално, односно на три месеци до крајот на годината. Од одделението за администрирање на приходи апелираат до даночните обврзници за навремено подмирување на обврските, затоа што овие приходи одат директно во општинскиот буџет преку кој се реализираат проектите кои го подобруваат животот на граѓаните во општината.