Деновиве во градскиот парк во Струмица почна да се гради Скејт парк. Тој ќе биде на површина од 625 метри квадратни а реализацијата ќе биде со општински средства, објави градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов. Струмичката фирма ,,Планиметрика” го доби Договорот за изведување на градежните работи за овој проект откако лани беше распишан тендер.
,,СКЕЈТ паркот се гради во спортско – рекреативниот дел на градскиот парк со средства од општинскиот буџет во износ од 6, 2 милиони денари.На рамна бетонска платформа која ќе биде заградена, ќе бидат поставени 7 спортски реквизити кои ќе овозможат адреналинска забава за љубителите на овој екстремен спорт,, напиша Костадинов