• Sat. Nov 23rd, 2024

Почна аплицирањето за бескаматни кредити за обртни средства

ByВане Трајков

May 11, 2022

Почна аплицирањето за бескаматниот кредит за обртни средства за компании погодени од енергетската и економската криза, соопштија од Македонската развојната банка.Станува збор за Јавен повик за одобрување на креидити што ова банка го објави на петти мај се со цел да се надминат проблемите со крзата а ја најави вицепремиер за економски прашања минатиот месец во Струмица Фатмир Битики. Станува збор за кредити до 50 тина илјади евра со орк на одплата од 12 до 18 месеци во зависност од висината на кредитот со со вклучен грејс период од 6 месеци и во двата случаи.

Кредитната линија е наменета за микро, мали и средни претпријатија, трговци поединци и занаетчии кои плаќаат данок на реален приход и се регистрирани во државата. Компаниите треба да бидат во приватна сопственост и на листата на прифатливи класи на дејности за кредитирање, објавена во јавниот пови како што е одгледување на орис, зеленчук, гројзе,стока и живина , преработка и концервирање на месо овошје и зеленчук, масла и масти, производство на сирење, леб слатки, шекери и други кондиториски производи

За корисниците на оваа кредитна линија предвидена е грант компонента од 10 проценти за субјектите кои ќе користат рок на отплата од 18 месеци, односно 20 проценти за субјектите кои ќе користат рок на отплата од 12 месеци.

Поднесувањето на кредитните барања ќе се одвива по електронски пат до 26.05.2022 година до 09:00 часот, се вели во соопштението до медиумите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *