Двајца пациенти позитивни на коронавирусот починаа во последниве 24 часа, дознава Алсат. Едниот од починатите, како што и претходно информиравме, е од Куманово, а другиот, чии информации дополнително беа доставени, е од Кавадарци.
Вкупниот број на починати до овој момент изнесува 28 лица.
Според информациите до кои дојдовме, во изминативе 24 часа утврдени се и 18 нови пациенти, позитивни на вирусот Ковид-19.
Поточно, 17 од тестовите се направени во Институтот за јавно здравје, а еден во лабораторијата „Авицена“.
Со ова, вкупниот број заболени во земјава е 617 лица.
Од информациите може да се забележи намалување, односно стабилизирање на бројот на новодијагностицирани случаи.