• Sat. Nov 23rd, 2024

Потсетување на заборавените детски игри на 18-те „Средби под јаворите – Видое Подгорец“

Учениците од основните училишта во општина Струмица ќе ги потсетат своите соученици на некои од веќе заборавените детски игри, кои што се играа во маалата, по улиците, во училишните дворови.

Ова е дел од програмата за отворањето на 18-те „Средби под јаворите – Видое Подгорец“, што ќе се одржи во петок на 7 јуни во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица.

Пет одделенија од основните училишта „Видое Подгорец“, „Сандо Масев“, „Никола Вапцаров“ и „Маршал Тито“ од Струмица и „Герас Цунев“ од Просениково ќе ги заиграат на големата сцена во Центарот за култура „Антон Панов“ некои од најубавите маалски игри.

Така, третоодделенците од „Видое Подгорец“ на наставничката Стојка Азманова ќе играат „Царе говедаре“.

Четвртоодделенците од „Сандо Масев“ и наставничката Силвана Абрашева ќе ја играат „Нек се бие“.

Петтоодделенците од „Никола Вапцаров“ и наставничката Билјана Гунова ќе ја играат играта „Долга магарица“.

Учениците од „Маршал Тито“ и наставничката Даниела Митева ќе играат на песничките „Го загубив другарчето“ и „Скока врапче по поле“.

Учениците од „Герас Цунев“, Просениково и наставничката Тена Зафирова ќе ја играат играта „Штркот бира боја“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *