• Sun. Nov 24th, 2024

Потрошената струја од денес ќе се наплатува по нова цена

ByIvana Vangelova

Jul 1, 2023

Корисниците на регулираниот пазар на електрична енергија во наредните шест месеци ќе ја плаќаат струјата по нова цена што во вторникот ја одреди  Регулаторната комисија за енергетика.

РКЕ реши за 7,04 проценти да се намали вкупната цената на електричната енергија во првиот блок со вкалкулирана енергија и мрежарина, во вториот блок ќе биде поевтина за 4,09 проценти, додека во третиот блок ќе има зголемување за 2,54 проценти, а во четвртиот блок цената ќе биде повисока за 2,42 проценти.