Цаци од Богданци се бори со малиген тумор на левата страна од мозокот. Првите симптоми ги забележала минатата есен, но мислела дека е од премореност од многубројните активности, а не сериозна болест, стои во информацијата на Нова Тв.
Откако е дијагностицирана Глиобластома, оперирана е на приватна клиника а потоа следувале радиотерапија и девет циклуси хемотерапија. Првите резултати биле охрабрувачки, но последните покажале дека туморот се вратил и дека болеста прогресира за помалку од еден месец.
Станува збор за една од најагресивните форми на рак, за што е потребно лекување и третман во специјална болница во Тексас.
Трошоците за било каков третман се проценети на околу 200 000 долари.
Пријателите на Цаци бараат помош со донации. Може да се донира на следниот линк.