Воведување на нови методи за одгледување земјоделските култури и животната средина се само дел од проектните идеи кои беа предложени за време регионалните форумските сесиикои ги организираше Центарот оваа година, а на кои учествуваа претставници од општините, бизнис секторот, земјоделци, НВО и академски сектор од регионот.
На партиципативен начин, oвој проект беше избран како најприоритетен регионален проект, а за кој Центарот доби финансиска поддршка од 5.077.785,00 денод Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка.
Главна цел на проектот е осовременување на процесот на одгледување на земјоделските култури, а истовремено и заштита на животната средина од прекуумерено третирање на почвата.
Имплементацијата на овој проект предвидува набавка и поставување на вкупно 23 станици кои ќе се постават во сите општини во регионот, мината недела започнавме со поставување во општините Богданци, Валандово, Дојран и Гевгелија, оваа недела се поставуваат станици во Конче, Струмица и Радовиш, а следната недела ќе продолжиме со поставувањето и во следните општини.