Еден од најважните културно- историски споменици во Дојран е токму ,,Саат кулата” која повторно ќе биде спремна за посетителите на ова туристичко место. Повторното враќање на стариот сјај на ,,Саат Кулата” ќе придонесе за развој на туризмот во Дојран и привлекување на нови туристи.
Саат-кулата била разрушена за време на Балканските војни.Таа била висока околу 10 метри и со својата височина доминирала во околината. Часовникот сите граѓани ги известувал за времето, трговците и занаетчиите за отварање и затварање на дуќаните, рибарите за одење на мандрите.
Проектот е финансиран преку ИПА програмата за прекугранична соработка.