• Sat. Nov 23rd, 2024

Пораки за Светскиот ден на театарот за деца и млади

Децата и младите ги почувствуваа последиците од губењето на социјализацијата, самодовербата и надежта, а тоа остави длабока трага на нивното ментално здравје. На нашата млада публика и учесници им треба уметност, култура, театар и претстави повеќе од кога било досега, оние клучни искуства кои го отвораат патот, пошироки перспективи, можност за неможност, забава и чуда, убавина и емоции, искуства кои му даваат смисла на хаотичниот свет и не потсетуваат на блискоста на целото човештво – изјави Сју Џејлс, претседател на Аситеж по повод Светскиот ден на театарот за деца и млади.

Меѓународното здружение го одбележува Светскиот ден на театарот за деца и младинци – 20 март со традиционална порака и специјални програми во кои се нагласува важноста на театарската уметност за најмладите, особено оваа година за време на се уште актуелната пандемска криза и уништувањето на војната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *