Првиот човек на Владата, Зоран Заев на денешната прес-конференција истакна дека во 2021 година, еден од приоритетите ќе биде и спроведување на пописот на населението, откако тој о 2011 беше неуспешен.
„Пописот ќе чини 8,5 милиони евра, или пет милиони помалку од пропаднатиот попис во 2011 година. Јас сум уверен дека наредната година ќе се спроведе пописот и дека после 17 години конечно ќе имаме попис“, рече Заев.