Помладите пионери У16 од тимот на Брера се пласираа во големото финале од купот на Р. Македонија.
Момците предводени од тренерот Тони Атанасов, со една динамична и борбена игра ја победија екипата на Фк Шкендија со резултат од 3:1.Стрелци за екипата на Брера беа Матеј Сејменов, Иван Танчев и Габриел Талески.
Голема поддршка на средбата дадоа и спортскиот директор на младинските карегории Сашко Пандев и легендата на македонскиот фудбал Горан Пандев.