Струмичката полиција ја потврди информацијата дека е пронајдено човечко тело кај браната Турија и дадено е на обдукција. На местото каде што е пронајден машкиот труп присуствувал и јавен обвинител и увидна екипа на МВР.
Портпаролот на СВР, Хризантема Рендевска, вели дека додека не заврши обдукцијата и се добие наодот од истата, не можат да шпекулираат со причините за смртта и со идентитетот на мажот.