СВР Струмица поднесе кривична пријава против К.Г.С.(45) од Петрич, Р.Бугарија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,криумчарење“. На 24.08.2020 на магистралниот пат Струмица – Ново Село, поточно кај с.Сушица, полициски службеници извршиле преглед на товарно возило „волво“ со бугарска регистарска ознака и цистерна за цемент, управувани од пријавениот, при што во предниот дел од цистерната биле пронајдени 200 штеки цигари без контролна маркица.