• Fri. Nov 22nd, 2024

Полицијата викендов во контроли на угостителски објекти во Струмица, четири работеле спротивно на законите

  Секторот за внатрешни работи Струмица  за време на викендот во  координација со инспектори од Државен пазарен инспекторат и општински комунални инспектори   извршија контрола над  угостителските  објекти во општина Струмица со цел утврдување дали се почитуваат  Одлуките и Протоколите од Владата на РСМ во врска со Коронавирусот (COVID -19).

На 02/03.10.2020 година, од извршена контрола над  22 угостителски објекти на подрачјето на општина Струмица, во 1 угостителски објект е констатирано 1  кривично дело по 206  од КЗ на РСМ  и прекршоци по чл. 8  (пуштање гласна музика) и чл. 21  (овозможување присуство на малолетни лица подолго од 24 часот)од ЗППЈРМ. а во 1 угостителски објект констатиран е прекршок по чл. 21 од ЗППЈРМ

На 03/04.10.2020 година, од извршена контрола над  4 угостителски објекти на подрачјето на општина Струмица, во 2 угостителски објект се констатирани  2 кривични дела по 206  од КЗ на РСМ  и прекршоци по чл. 8 и чл. 21 од ЗППЈРМ.

Секторот за внатрешни работи Струмица апелира до сопствениците на угостителските објекти и граѓаните  да ги почитуваат препораките од Владата на Република Северна Македонија и законските правила и прописи.

Доколку се констатира состојба спротивна на Законот и препораките на Владата, полицијата ќе постапи во рамките на своите надлежности.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *