• Mon. Nov 25th, 2024

Пожарот кај Нивичино и понтаму активен, се бара дејство на армиски хеликоптери

ByВане Трајков

Aug 17, 2021

Како последица на пожарот кој настана во атарот на село Нивичино и истиот се шири кон теренот на Берово, денес беше одржан состанок со претставници на општина Василево, ПШС Беласица Струмица, СВР Струмица, Дирекција за Заштита и Спасување, Центарот за Управување со Кризи, ТППЕ Струмица и ЈПКД Турија. Денес екипи од ТППЕ Струмица, ЕЛС Василево и ПШС Беласица Струмица беа на терен со цел да ја смират огнената стихија.

Во текот на предвечерието на вчерашниот ден Градоначалникот на општина Василево заедно со претставник од СВР Струмица, извршија увид на местото на пожарот и заради непристапноста на теренот за против пожарни и теренски возила се одлучи за следново на состанокот:

-Потребно е дејство на армиски хелихоптер во текот на утрешниот ден во раните утрински часови

-Одговорно лице за координирање на активностите околу гасење на пожарот и дејството од воздух ќе биде лице од ТППЕ Струмица

– Постојана комуникација и координација со ангажираните сили и средства од општина Берово и шумско стопанство од Берово

-На местото на пожарот присутните лица ќе бидат ангажирани за правење на пресеци и други дејства од раководителот на акцијата за гасење на пожарот

– Во гасењето на пожарот ќе се вклучат сили од следниве институции: ЕЛС Василево, ПШС Беласица Струмица, ТППЕ Струмица, СВР Струмица, Ловно друштво Фазан Василево и месното население

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *